1.Ден 29.12.2018 (Сабота) – Состанок со групата во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Будва. Патот води преку граничен премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 30.12.2018 (Недела) – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови, краток панорамски разглед па продолжување кон Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во вила ИМПЕРИА. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Ноќевање.
3.Ден 31.12.2018 (Понеделник) – Факултативен целодневен излет до Дубровник. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Ноќевање.
4.Ден 01.01.2019 (Вторник ) – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Денско возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 3900 мкд.
Во цената е вклучено :
-
Превоз на наведената релација со туристички автобус
-
2 ноќевања во апартмани во Будва
-
Организација и водство на патувањето
-
Пратител на групата
Во цената не е вклучено:
-
Факултативни разгледи и излети ( Дубровник и Котор) – 20 еur
-
Патничко осигурување
НАПОМЕНА!!!
-
За реализација на аранжманот се потребни 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 20патници.