ПРАГА – Christmas Market

Програма:

1 ден 06.12.2018 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок со групата во 16:00ч. и поаѓање во 16:30ч. за Прага на паркингот пред салата Борис Трајковски. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 07.12.201ПРАГА

Пристигнување во Прага околу пладне. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито... Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг низ центарот на Прага. Сместување во хотел. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката В’лтава или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.12.2018 ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете.  Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан со традиционални готски игри и вклучено. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.12.2018 ПРАГА –  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.12.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 10.11: 129€7.990 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139€/ 8620 мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации

  • Сместување во хотел  3* во Прага – 2 НП (ноќевање + појадок)

  • Организиран разглед со локален водич Прага

  • Организиран разглед на Виена

  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето

  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Влтава – 15€

  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 25€

  • Патничко осигурување 

  • Посета на традиционален чешки ресторан со вечера и традиционални танци – 30€

  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Потребен минимум за реализација на факултативите е 30 лица

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници