Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Период: 24.05.2019-26.05.2019 – 2 Ноќевања

Прв ден – 24.05.2019 Собир на групата пред Дрводекор во 02:30 часот . Поагање за Парга. Попатно патување преку Велес, Прилеп, Битола. Пристигнување во Парга во утринските часови , сместување во апартмани. Разглед на Парга во пладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки . Ноќевање.

Втор Ден-25.05.2019 Факултатива- Собир на групата  во утринските часови и полудневно крстарење до островите Paxos и Antipaxos.Факултативна Грчка Вечер. Ноќевање.

Трет Ден 26.05.2019. Поаѓање за Македонија околу пладне. Попатна посета на Мецово ( живописно градче кое што е изградено во форма на амфитеатар на надморска височина од 1200 метри, каде што сите куќи се изградени во традиционален стин од камен и дрво. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА: Промо :69 Евра по лице за резервации до 15.05.2019

75 Еврапо лице – Редовна цена

(2 ноќевања со вклучен превоз)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

– автобуски превоз на горе наведената релација,

– 2 ноќевања во апартмантско сместување во избраната вила.

– разглед на Парга,

– организација, водство и реализација на аранжманот,

– Трето , Четврто лице -10 Евра

– 1 и 2 дете до 11,99 години – бесплатно во апартман,

(плаќаат само превоз 45 Евра по лице ).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

– патничко осигурување,

– факултативни излети и посети,

– 8 Часовно Крстерење  по островите Paxos и Antipaxos – 25 Евра по лице

( поаѓање 10 часот наутро и враќање околу 18 часот) 

-Доплата за Туристичка Такса 1 евро од Соба ( на лице место за 2 ноќевања)

*За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.