1 ден (сабота – 29.12.2018): БИТОЛА – ЛЕРИН – ЛУТРАКИ
Состанок на групата во 06:30 часот. Поаѓање за Лутраки во 07:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Лерин, слободно време за шопинг во ЛИДЛ. Патувањето продолжува кон Лутраки. Пристигнување и сместување во приватни апартмани. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Во вечерните часови можност за посета на ресторан, кафуле или ноќно капење. Ноќевање.
2 ден (недела – 30.12.2018): ЛУТРАКИ
Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃, со многу лековити својства. Во вечерните часови можна ноќна посета на изворите. Ноќевање.
3 ден (понеделник – 31.12.2018): ЛУТРАКИ
Утринска посета на изворите. Слободно време за уживање во топлата вода и убавата природа која ги опкружува изворите. Враќање во апартманите. Вчерта – организиран дочек на Новата Година со богата новогодишна вечера со музичка програма во ресторан „Калофагас“ (кај Митре). Ноќевање.
4 ден (вторник – 01.01.2019): ЛУТРАКИ – ВОДЕН – БИТОЛА
Утринска посета на изворите. Околу пладне напуштање на собите. Состанок на групата и поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден. Слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 6.840,00 денари
Начин на плаќање:
30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 7 дена до поаѓање или на одложено плаќање на еднакви месечни рати.
Цената на аранжманот вклучува:
-
автобуски превоз на горенаведената дестинација
-
посета на Лерин
-
посета на Воден и водопадите
-
3 ноќевања во апартмани и студија во Лутраки
-
организирана новогодишна вечера со жива музика во ресторанот Калофагас
-
организација, водство и реализација на аранжманот
Цената на аранжманот не вклучува:
-
влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
-
патничкото осигурување